Македонија
16. September 2015 - 16:09

Груевски со добра вест- ќе се гради старски дом за пензионери со ниски примања

Пензионерите со ниски пензии конечно ќе добијат можност да се сместат во дом за стари лица. Државата планира изградба на нов дом наменет токму за пензионерите кои имаат пензии чиј износ не е доволен за покривање на трошоците во приватните. Премиерот Груевски сепак потврди дека ќе се води грижа да не се наштети ниту на приватниот сектор.

-Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старски домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна тие помогаат со згрижување на стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна не ја вршат работата за оние пензионери кои имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нов старски дом, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија кои ќе ги згрижуваат лицатакои  не можат да бидат прифатени во приватните домови, истакна Груевски.

Во изминатите неколку години изградени се 17 нови домови за стари лица во кои услугите ги користат оклу 600 пензионери. Во Скопје капацитетот е исполнет во сите старечки домови. Планот според груевски е двојно да се зголеми капацитетот.

-Она што ние го планираме е речиси дуплирање на овој капацитет, изградба на нов дом кој ќе се одвива во три фази.

Проекторањето на старскиот дом ќе биде започнато до крајот на овој месец, а изградбата би требало да започне по изборот на проектант откако ќе биде објавен јавен повик во втората половина на идната година. По завршувањето на првата фаза која ќе чини 1 милион евра во новиот дом ќе биде овозможено сместување на 170 пензионери. По нејзината реализација ќе бидат спроведени и останатите две фази.