Македонија
24. January 2016 - 20:03

Груевски: На 24-ти април доаѓа казната и одмаздата на народот

Политичката криза која ја наметна опозицијата ќе заврши на превремените избори на 24 април, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски на 16-та годишна конференција на Унијата на жени. Потенцираше дека народот ја прочитал и отфрлил влаканата игра на СДСМ и покажал дека има капацитет за државност. Затоа на 24 април, токму народот ќе ја казни политиката на опозицијата.

Според Груевски, 24 април е денот кога народот ќе испрати 4 силни пораки до сите политичари. Со својот избор, народот ќе порача дека ова е земја во која тој сам одлучува за својата иднина.

СДСМ бега од избори бидејќи знае дека ќе загуби, бидејќи знае дека ВМРО-ДПМНЕ има убедлива поддршка од народот, порача Груевски.

Исто така, Груевски ја повика опозицијата да избере еден од европските закони за медиуми кој сака да го спроведе во земјава.

На годинешната конференција на Унијата на жени, Груевски оддаде почит и на долгогодишната работа на оваа организација со која Унијата на жени прерасна во една од најголемите и најмоќни организации и еден од клучните столбови на ВРМО-ДПМНЕ.