Македонија
30. November 2017 - 20:03

Груевски и вечерва на протест со граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вечерва присуствуваше на протестот пред Кривичниот суд Скопје, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот пред Судот.

Груевски присуствуваше и на вчерашниот протест пред Министерството за правда.