Македонија
2. October 2015 - 19:55

Груевски: Членството во ЕУ и НАТО главна надворешно-политичка цел на Македонија

Нашата позиција е јасна, ние сме Македонци, говориме Македонски јазик и жевееме во држава која се вика Република Македонија, премиерот Никола Груевски пред Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк со силна порака за спорот со името

- Нашата позиција е мошне позната. Решавањето на разликите со нашиот јужен сосед е наш приоритет, во рамките на границите на резолуциите на ОН и согласно меѓународното право, кои го дефинираат решението кое е предмет на разговори и взаемно прифатливото решение. Нашата позиција е добро позната и таа е во контекст на реалноста, дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со уставно име Република Македонија. Меѓународното право треба да се почитува од сите и во сите случаи, а не наменски, истакна Груевски.

Премиерот ги повика обединетите нации  да ја почитуваат одлуката на меѓународниот суд на правдата и да помогнат во решавањето на спорот со Грција.

-Главната стратегиска и надворешно-политичка цел на Република Македонија,останува нашето членство во ЕУ и НАТО. Сите реформи преземени во земјата се во согласност со таа цел. Сите внатрешно-политички проблеми се решаваат во тој дух. Сепак, без оглед на внатрешно-политичките предизвици со кои се соочуваме, дозволете ми да подвлечам дека не треба да има препрека на нашиот пат кон евро-атлантската заедница на нации, нагласи груевски.

Македонија и Балканот се соочуваат со големиот бран на бегалци. За да се спречи бегалската криза, потребно е Европа да се сврти кон решавање на причињата за страдањата на бегалците – тоа е конфликтот во Сирија и Ирак, рече Груевски.

- Од наша страна, ние ќе направиме сѐ што можеме за да им помогнеме на овие луѓе кои имаат потреба, луѓе кои го бараат својот мир, својата надеж за безбедно патување, за безбеден и пристоен живот. Без разлики на економскиот и одржливиот аспект ние се трудиме да придонесеме за помош кон нив, надминувајќи и санкционирајќи одредени слабости во системот кој е поставен, но со силна посветеност да се придонесе во креирање на излезни позитивни решенија за овие лица согласно нивните потреби. Но, ние не можеме да го направиме тоа сами. Справувањето со овој проблем претпоставува посилен ангажман на Европската Унија во соработка со балканските земји, која би била од значење за засилување на соработката на конкретни нивоа, вели Груевски.

И Балканот и Европа може многу лесно да станат жртви на ИСИС.Потребна е поголема кооперативност помеѓу безбедносните служби за превенција од тероризмот.

-ИСИС не е закана само за Блискиот Исток, таа стана глобална закана на која никој од нас не е имун, а особено земјите од Југоисточна Европа каде што веќе ги имаме и првите отворени аспирации за поголема пенетрација на ИСИС, но и остварување на поголемо влијание кај населението заради регрутација, факти кои може да имаат сериозно влијание во нарушување на стабилноста на мултиетничките општества. Затоа, враќањето на мирот и стабилноста на Блискиот Исток, особено во Сирија и Ирак, е прашање од најголема важност.

Пред своите когели од најголемата меѓународна организација, Груевски истакна дека Македонија инвестира во крупни инфраструктурни проекти за да го подигне еконскиот стандард, а овие тенденции ќе продолжат и невработеноста ќе се намалува.. Тој додаде дека е важно земјите од регионот да почнат заеднички проект и заедно да ги надминуваат предизвиците.

Груевски во Њујорк на останатите лидери на земјите членки на Обединетите Нации им дека оваа организација и понатаму треба да биде глобален лидер кој ќе се залага за доброто на човештвото.