Македонија
21. March 2018 - 14:29

Граната од Првата светска војна пронајдена во Штип

Рачна граната, што потекнува од Првата светска војна била пронајдена вчера во местото викано „Горни Чурулин“ (Попова Чешма) во Штип.

Како што соопшти МВР, настанот вчера во 11 часот бил пријавен во Полициската станица Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.