Граѓаните на Водно во потрага по чист воздух
Колони од автомобили, велосипедисти, планинари...сите на чист воздух на Водно. Ги имаше и млади и стари, и бебиња и странски туристи. Аерозагадувањето една од главните причини за неколкучасовно бегство во планина.
Со денови по ред скопјани се гушат а концентрацијата на опасните ПМ 10 честички е неколку пати над дозволената граница. Граѓаните бараат почист воздух а него засега го има на Водно.
За велосипедистите убавината и дишењето планински воздух е од средно Водно па до врвот каде нема издувни гасови од автомобилите. Истото мислење го делат и планинарите. А дека Скопје е загадено и тоа е лошо за здравјето знаат и децата кои во голем број ги имаше на падините на Водно.
-Избегавме, овде подишавме чист воздух и сега ќе се вратиме. Загадено е и тоа не само воздухот, цел град е нечист.
-Се прошетавме и сега назад. Да загадено е а тоа им смета на сите и на возрасни и на деца, велат граѓани.
На Водно имаше и посетители од малешевијата кои велат дека немаат проблем со загаденоста на воздухот. Но сретнавме и граѓани од други градови кои исто така се гушат како и скопјани.
-Доаѓам од загадено Куманово каде воздухот исто така е многу загаден. Овде поршетавме, подишавме чист воздух и очекуваме да се реши овој проблем, вели жител од Куманово.
Иако сме на почетокот на сезоната, болничките капацитети во главниот град се полни со пациенти со респиртаторни инфекции како последица од загаденоста на воздухот. Синоќа мерните станици во Скопје измерија висока концентрација на ПМ10 честичките во Аеродром и Карпош и тоа неколку пати над дозв олената граница.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар