Македонија
25. July 2015 - 16:44

Градоначалникот на Центар не ги почитувал решенијата на државниот управен инспекторат

Добил решение за да престане со работа, но Жерновски сепак му доволил на хаусмајсторот да работи како инспектор. Кочо Стојчески кој е истовремено испектор, ги користи општинските средства за партиски потреби, непрофесионално напредувал 10 скалила погоре од првичната работна позиција, сето ова е карактеристично за работењето на општината пишуваат медиумите. Освен што на градоначалникот Жерновски му ги водел инспекциските служби во јавноста веќе беше информирано дека поседувал и градежна компанија а за истата општина центар сеуштене испратија демант. Иако постои конфликт на интереси, неговата сопруга била поставена за член на управен одбор на градинката „Кочо Рацин“.Медиумите објавија дека Стојчески е најбогатиот хаусмајстор за што потврда е и неговото возило Ауди А5 кое го управува за што во јавноста е нејасно како со примања на хаусмајстор може да стигне до луксузно возило вредно 40 000 евра. Уште пред да биде унапреден хаусмајсторот  вршел улога на главен инспектор, одлучувал, премерувал, издавал дозволи за градење, уривање во општината. Ваквото лажно преставување е кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до три години.

На ваквата анархија во општината реагирал и управниот инспекторат кој побарал да му се одземат надлежностите на Стојчевски дадени од Жерновски бидејќи хаусмајстор не можел во исто време да работи  како хаусмајстор и како главен инспектор, за што повеќе пати било испраќано предупредување и  решение до општината  за да престане да врши дејности како главен инспектор, но Жерновски не реагирал. Во меѓувреме медиумите пишуваат дека  Стојчевски продолжил и со партиски активности и како редовен декор се појавува на  партиските настани на СДСМ и како говорник во кампот на СДСМ. Случајот со хаусмајсторот не е единствен. Во јавноста апелираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека општината е претворена во приватна своевина на СДСМ. Жерновски бројот на вработени го зголеми за 20%, а со ребаланс скрати од средствата предвидени за проекти за нивно вработување. Тој во општината вработи многу партиски активисти и членови.