Македонија
30. јуни 2016 - 16:26

Градоначалничката на Тетово да дозволи изградба на православни гробишта и капела - за да нема бојкот во општината

Петмината советници на ВМРО ДПМНЕ денес ја напуштија работата на седницата на Советот на општина Тетово во знак на револт што градоначалничката Теута Арифи не го почитува договорот од 2013 година за реализација на проекти кои важни за Македонците.
 
Нема да доаѓаат на седници се додека не се исполни ветеното. 
 
Градоначалничката Арифи не присуствуваше на седницата. Претседателот на Совето вели дека дополнително ќе се изјасни како ќе се работи во иднина
 
12-те советници на ДУИ и петте на ВМРО ДПМНЕ го сочинуваат мнозинството во тетовскиот совет.