Македонија
4. јуни 2017 - 16:31

Градежниците најавуваат битка за своите права

Повисоки плати и подобри услови за работа бараат градежните работници од новата Влада. Велат дека работат во екстремно тешки услови поради што во иднина ќе побараат и бенефициран стаж. . Според нив неопходно е да се зголеми минималната сатнина што ја земаат а минималната плата би требало да биде околу 500 евра .

Според Трајковски без разлика на квалитетот на градба глупост е да се уриваат градбите од проектот Скопје 2014.

Изминатиов период  градежните компании се пожалија дека тешко можат да дојдат до градежни работници и се соочуваат со недостиг од кадар. Од друга страна бројот на одобренија за градење постојано расте.

 Просечната плата во овој сектор изнесува 20 000 денари.