Бизнис
9. November 2015 - 19:51

Градежна експанзија во Источна Македонија – Се градат патишта вредни 560 милиони евра

Градежна експанзија на истокот на земјата. Се градат патишта во вредност од над половина милијарда евра. Освен автопатот Штип – Скопје, за следната година планирана е изградба на патиштата со вкупна должина од 185,5 километри.

Нови патишта ќе има меѓу Штип и радовиш во должина од Штип-Радовиш од 39 километри и, Штип- Кочани. Ќе се гради пати меѓу Кочани-Делчево со должина од 30, како и патиштата од Делчево до  Голак, Тораница-Саса и Пробиштип-Пониква.

Буџетот за изгрдна на патната инфраструктура догодина е за пет пати поголем споредено со последните десет години. Ако пред десет години во патишта се вложувале 38 милиони евра, за 2016 година Владата предвиде преку 200 милиони евра само за патна инфраструктура. Инвестициите во патната инфраструктура претставуваат третина од вкупните капитални инвестиции кои Владата ги предвиде за идната година.

Вкупно во 2016 на територијата на цела Македонија ќе се градат експресни, магистрални и регионални патишта со вкупна должина од 250 километри нова делница, а ќе се врши рехабилитација и на 156 километри постоечки патишта.

Придобивките од овие инвестиции се повеќекратни. Се подобрува поврзаноста, условуте заводење бизнис, но се отвораат и нови работни места. Само на изгрдба на патишта во моментов се ангажирани околу 3000 работници.