Македонија
21. March 2016 - 17:02
Град Скопје ја пушти во употреба првата велосипедска рута од проектот ,,Скопје велоград‘‘
Првиот пролетен ден одбележан со пуштање на велосипедска патека во центарот на СКопје. Градот ја заврши првата рута од проектот „Скопје Вело Град“ со асфалтирање на 7600 метри патека за пешаци и велосипедисти од Гази баба, преку Центар до Карпош. Со велосипедско дефиле на патеката по булеварот Илинден градоначалникот Трајановски со група граѓани ја промовираше завршената прва рута од проектот.
Градот Скопје ја почна изградбата на велосипедски патеки и од Рутата 2 која за велосипедистите ќе овозможи безбедно поврзување и возење од Аеродром преку Центар и Карпош до Ѓорче Петров.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->