-->
-->
Гонзалез го скрати списокот на ракометари за подготовките за ЕП 2018
-->
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентација од подготовките за ЕП Хрватска 2018. Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Од првичниот список отпаднаа Јане Цветковски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Марко Нелоски и Дарко Димитриевски.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.
Инаку, според планот и програмата за работа, воведни подготовки ќе започнат на 18 декември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија