Македонија
5. December 2017 - 10:04

Голем пожар во Калифорнија

Во реонот на калифорнискиот град Санта Паула избувна пожар што се шири со голема брзина, поради што се евакуирани 500 станбени објекти и институции. 

Меѓу евакуираните лица се и речиси 400 ученици од локалниот колеџ. 

Пожарот зафатил површина од 5.000 хектари, а огнената стихија тешко се контролира поради силните ветрови кои се движат со 115 километри на час. 

Причината за пожарот се уште не е позната.