Балкан
10. March 2017 - 18:29

Го врзал своето бебе, сопругата и родителите

С.Р. (25) од Бела Црква е уапсен поради сомнеж дека членовите од своето семејство, меѓу кои и неговата ќеркичка која има само една година, ги врзал и ги тепал.

Тој е осомничен дека го врзал своето дете, невенчаната сопруга, мајка, татко и баба, ги тепал со мотика и се заканувал дека ќе ги убие.
 
Повредените се згрижени во Здравствен дом, а за С.Р. е одреден притвор од 48 часа. 
 
Насилникот е познат и по многу кражби во Бела Црква.