Џет-Сет
27. January 2017 - 13:26

Го извади мевот во преден план: Еве каде Аца Лукас се сонча среде зима

Фолк пејачот Аца Лукас моментално се одмара во Дубаи, и како многу од познатите личности среде зима побегна во топлите краишта.

Aca Lukas u Dubaiju

Тој тренд го испочитува и фолкерот, кој во морската авантура ја поведе и сопругата Соња, ќерката Викторија и пасторката Софија.

Aca Lukas u Dubaiju

Лукас во повеќе наврати зборуваше дека му е мачно да оди во теретана, а тоа го докажа и кога се соблече на плажа и го покажа големиот мев.

Очигледно на пејачот му пречело кога на плажата видел згодни мажи со плочки на стомакот, па се пофали со снимка како наместо тегови ја крева ќерката Викторија додека се сончаат на плажа.

Aca Lukas u Dubaiju

Лукас семејството го сместил во еден од најлуксузните хотели на самиот брег, кој има целосен комфорт, од спа центар до базен и комплетни кулинарски услуги.

Вуксановиќ со денови се одмара на лежалките, се бања и сонча, а вечерите му се резервирани за одење по ресторани и шетање низ градот.