Гелова - Стојанова: За три месеци државата задолжена за скоро половина милјарда евра
Заев и Тевдовски за само 3 ипол месеци ја задолжија државата скоро половина милијарда евра.
Само со последната аукција на домашни хартии од вредност, СДС ги задолжи граѓаните за нови 76.3 милиони евра.
Очигледно единствена работа на новата влада е само задолжување на граѓаните.
Но, она што ја интересира јавноста е, како е возможно дневно да се трошат приближно 4 милиони евра, а да не е отпочнат или завршен ниту еден единствен проект.
Каде СДС ги троши приближно 4 милиони евра дневно, пари на граѓаните?
Ова е одговорот кој го очекува јавноста од Заев и Тевдовски.
За жал, парите на граѓаните од ден во ден ги снемува. За жал секој ден приближно 4 милиони народни пари испаруваат, а нема ниту еден видлив проект.
Сите економски параметри, без исклучоци, се во сериозен пад, за првпат после 10 години. Блокирани се крупни проекти отпочнати од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои беа сериозни двигатели на економијата. Со ребалансот на буџетот блокирана е изградба на факултети, спортски сали, студентски домови, градинки, училишта и уште многу други капитални инвестиции. Додека пак, целокупната јавност е сведок како владата и министрите на СДС се луксузираат на државен трошок.
Почитувани,
Ние сме сериозно загрижени за начинот на кој СДС се однесува со државната каса. Неодговорно и неспособно. Економијата е пред распад, а на државата и се заканува крах во сите сфери.
Граѓаните се загрижени за својата иднина, граѓаните нема да дозволат СДС да се луксузира со нивните пари.
И затоа на ова неодговорно однесување на СДС граѓаните ќе стават крај на 15-ти октомври.
Соња Гелова - Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
-
ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти