-->
-->
Гаук не исклучува идниот германски претседател да биде муслиман или атеист
-->
Германскиот претседател според законот не мора да е христијанин изјавил геерманскиот претседател Гаук во врска со верската припадност на шефот на германската држава.
Иако според традицијата најголем број од сите досегашни претседатели на Германија биле христијани актуелниот шеф на германската држава смета дека религиозната припадност е ирелевантна за функцијата претседател.
Во интервју за „Протестантската новинска агенција“ (ЕПД) Јоаким Гаук идниот претседател на Германија може да не биде христијанин или пак воопшто да не биде религиозен, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Претседателот во заминување кој се откажа од втор мандат е конкретен дека не ја отфрла можноста неговиот наследник да биде муслиман.
Според досегашните анализи во германските медиуми меѓу потенцијалните наследници на Гаук кој е екс лутерански свештеник се поранешните протестантски верски лидери Волфганг Хубер и Марго Кашман но и Навид Кермани, муслимански научник и писател од иранско потекло.
Идниот претседател на Германија кој нема речиси никакви извршни функции и има пред се церемонијални задачи треба да биде избран во јуни идната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата
-
Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
-
АХВ: На македонскиот пазар не е пласиран сендвич со шунка контаминиран со листерија
-
Упасени двајцата малолетни хулигани поради претепување и убиство на братот на вицепремиерот на БиХ
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието