-->
-->
Фудбалерот кој го преживеа падот на авионот се обрати пред светот!
-->
Преживеаниот фудбалер на Чапокоензе, кој беше на позајмица од Интернасионал, Ален Рушел, успешно закрепнува од последиците од повредите здобиени за време на авионската трагедија во Колумбија, во која на 29 ноември настрада скоро целиот тим на бразилскиот клуб.
Тој е еден од шестмината преживеани и имал неверојатна среќа.
Неколку дена по несреќата веќе е на нозе, а испрати и видео порака од болницата.
-Здраво на сите во Бразил и целиот свет. Го следевте моето закрепнување. Јас сум Алан Рушел. Сакам да ви кажам дека моето закрепнување тече добро и наскоро ќе се вратам во Бразил каде ќе продолжам со терапиите. Ви благодарам на сите за силата која ми ја давате низ молитивите, за топлината и добрина која ја почувствував. На сите од срце ви благодарам- рекол Рушел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници