Џет-Сет
25. May 2017 - 16:16

Француска кампања ги збуни и исплаши пешаците: Доколку и вие поминувате на црвено и вас ве чека ова!

Денес најголем дел од луѓето се опседнати со своите телефони и други електронски уреди и не се концентрирани кога се движат по тротар или треба да преминат улица.

Секоја година во Париз 4.500 луѓе се жртви на сообраќајни незгоди, па Париската агенција за безбедност на патиштатат и компанијата Serviceplan France направија моќна кампања со цел да ги исплашат и збунат луѓето кои преминуваат на црвено светло и да им посочат дека треба да внимаваат кога преминуваат улица.