Свет
14. February 2016 - 18:28

Франција бара веднаш да престанат бомбардирањата на Турција во курдските области

Франција повика на итен прекин на бомбардирањето на Турција во курдските области во Сирија, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Турската армија, денеска, втор ден по ред, стрела со минофрлачи кон позиции на курдските милитанти во Северна Сирија, во околината на сирискиот град Азаз, во провинцијата Алепо.

САД, кои се партнери на Турција во НАТО, исто така, синоќа побараа Анкара да го прекине бомбардирањето.