Ракомет
13. January 2017 - 10:51

Франција 2017: Прво коло во групите Ц и Д

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција денеска се играат натпреварите од групите Ц и Д од првото коло, а има и еден натпревар од 2.коло од групата А. Тоа е дуелот во Нант меѓу домаќинот Франција и Јапонија.

Во групата Ц што се игра во Руен на програмата се дуелите: Белорусија - Чиле, Германија - Унгарија и Хрватска - Саудиска Арабија.

Во групата Д што се игра во Париз двојките од стартното коло се: Катар - Египет, Шведска - Бахреин и Данска - Аргентина.