-->
-->
Франција 2017: Македонија сигурна во дуелот со Ангола
-->
Македонската репрезентација ја постигна и втората победа на ракометниот мундијал во Франција. Вечерва беше совладана селекцијата на Ангола со ____ (14:9). На почетокот на дуелот нашите ракометари имаа минимално водство пред се благодарение на добрата одбрана бидејќи во нападот правеа многу грешки, а Ангола првиот гол го постигна во 8.минута. Но, слабата реализација продолжи и Ангола во 18.минута изедначи (5:5), по што селекторот Лино Червар мораше да побара тајм аут. Промена на резултатот немаше до 9:9 (24.минута) и Македонија секогаш имаше минимално водство. До крајот на првиот дел направивме серија од 5-0 за водство на полувремето од 14:9.
На почетокот на вториот дел Македонија во напад играше „7-6“, но следуваа грешки и Ангола го намали водството постигнувајќи три гола кога Македонија беше без голман. Брзо се врати Македонија во игра со серија од 4-0 и поведе си +6 (19:13). Нашата репрезентацијата првото двоцифрено водство го имаше во 51.минута – 25:15.
Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 10 голови.
Во следното коло Македонија во понеделник од 17:45 часот игра против Словенија.
На другите два дуела од Б групата во Мец Словенија го победи Исланд минимално со 26:25, а Шпанија беше подобра од Тунис со 26:21. На табелата со по четири бодови се Словенија, Шпанија и Македонија, додека Исланд, Тунис и Ангола немаат бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки