Џет-Сет
28. јуни 2017 - 19:34

Фраерот кој ги излудува жените

Глумецот Стив Карел, кој е најпознат по улогите во хит серијата „Канцеларија", филмот „40-годишен девственик“ и бројни комеди од последниве две десетлетија, преку кои си создаде армија обожаватели, се чини дека е на добар пат да го удвои бројот на обожавателките.

Иако досега ретко кој го доживуваше како „секс симбол", новиот изглед на Стив ќе промени се.

Имено, тој се ослободи од вишокот влакна по лицето и ја исчешла седата коса, а дежурните интернет следбенички веднаш го забележаа тоа.

Едно е сигурно - на 54-годишниот глумец му ласка тоа што жените сега лудуваат по него, а исто така, веруваме и дека неговиот нов имиџ најмногу и годи на неговата сопруга Ненси.