Ракомет
16. January 2017 - 15:14

Ф.Лазаров: Одбраната ќе го реши дуелот

Македонската ракометна репрезентација денеска од 17:45 часот на ракометниот Мундијал ја очекува натпревар со Словенија, селекција против која многу натпревари, пред се пријателски, има одиграно Филип Лазаров.
 
- Ни следуваат три тешки дуели со европски селекции. Шпанија и Словенија имаат амбиции за медал. Често сме играле со Словенија, сме победувале и сме губеле. Дерби „балканско“ последен пат игравме во Катар во осминафинале. Со евентуална победа наша или нивна, секој ќе биде поблиску до второто место во групата. Ние сметаме дека имаме шанси, Словенците се фаворити , а шанса ако имаме ќе ја искористиме. Секој натпревар е различен, сега за сега кај двете селекции нападот доминира, а мислам дека одбраната ќе го реши дуелот во неизвесен натпревар до крај, изјави левиот бек на „црвено-жолтите“.
 
Победа за било која од двете репрезентации ќе значи обезбеден пласман во осминафиналето.
 
Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло играат уште и Шпанија – Ангола. Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.
 
Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0.