Бизнис
23. May 2017 - 20:03

Финишира изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, инвестиција од 218 милиони евра

Изградбата на автопатската делница Демир Капија Смоквица е во својот финиш. Комплетно е асфалтирана трасата долга над 28 километри, а останува да се спроведе електрификација, сигнализација и да се постави уште дел од заштитната ограда.

Се работи за еден од најкрупните инфраструктурни проекти во поновата историја со кој долгото возење низ демиркаписката клисура ќе се замени со многу пократко и побезбедно патување по современ автопат.

Делницата има две клучки, , два тунели со должина од 1,2 километри, 6 мостови и повеќе натпаници и потпатници.

Со делницата патувањето од Гевгелија до Демир Капија ќе се сведе на само 15-на минути. Заради ова локалното населенние очекува инвестициите во туризмот, казината и услужната индустрија да се прошират и во овој регион.

Со оваа делница паневропскиот Коридорот 10, кој е нашата најважна транспортна и трговска врска со европските земји, низ Македонија ќе биде целосно автопат.

Груевски го посети и повеќенаменското игралиште во Демир Капија, еден од 268 изградени спортски објекти во кои се инвестирани над 43 милиони евра.

Осврнувајќи се за проектите на владата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните изјави дека во време на глобална економска криза, континуирано се зголемуваа пензиите.

Груевски порача дека бесплатениот туристики викенд досега го искористиле 5500 пензионери, а оваа година таа можност ќе ја имаат уште 2100 лица.