ФИФА: Нов пад на „рисовите“
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата,.
Во согласност со најновото рангирање, Македонија од денеска е на 162. место со 138 бода, минус за седум позиции во однос на октомврискиот ранкинг. Македонија на најновата листа дојде и една позиција зад Белизе која е на 161. место, или Танзанија, на пример, која е на 160. место на листата на ФИФА.
Од селекциите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП, единствено послаборангиран од нас е Лихтештајн, кој е на 189. место. Шпанија е на 10. место, Италија назадуваше за три позиции, па сега е на 16. место, Албанија е на 49. место, а Израел е на 54-та позиција.
На врвот на листата е Аргентина пред Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија и Уругвај.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов