Кошарка
29. August 2017 - 10:33

ФИБА работи против кошарката!

Еден од најтрофејните кошаркарски тренери и прв стратег на европскиот првак Фенербахче, Жељко Обрадовиќ изјави дека последните потези и одлуки на ФИБА се против кошарката особено одлуката ЕП во кошарка да се игра на 4 години наместо како до сега на 2. 

„За 82 години се одиграа 40 евробаскети а сега ќе се игра на 4 години. Тоа не е добро особено за младите кошаркари кои ќе треба да чекаат долга прилика за докажување.  Календарот е пренапорен поради војната на релација ФИБА - Евролига. Тука е и НБА. Затоа сметам дека е потребно овие три страни да седнат и да направат заеднички календар“- смета популарниот ЖОЦ.
Според Обрадовиќ играчот секогаш треба да и биде на располагање на репрезентацијата и не жали што неговиот клуб Фенербахче има дури 9 репрезентативци.