Македонија
29. October 2017 - 9:39

Фестивал на фигури од овошје и зеленчук

Основни училишта, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби и здруженија на граѓани ќе бидат дел од 7. Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ што ќе се одржи денеска напладне на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Фестивалот традиционално го организира Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Учесниците ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Целта е преку забава и креативна ангажираност подобро да се запознаат и да ги надминат различностите - етнички, верски, интелектуални,... 

Фестивалот, како што ифнормираат организаторите, стреми и кон едукација на децата за употреба на здрава храна, подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната, како и кон социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање во општеството.

Во рамки на „Сочни фигури“ предвиден е и забавен дел, а најдобрите три училишта ќе добијат награди. 

Поводот за одржување на Фестивалот е одбележувањето Светскиот ден на храната, 16 Октомври. 

Конвивиумот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ - Скопје е невладина организација и членка на мрежата на Слоу фуд во Македонија. Повеќето членови во конвивиумот се деца со посебни образовни потреби, нивни родители и професори од разни струки и училишта.