Фејсбук ќе ги обележува лажните информации и спиновите
Фејсбук најави дека во блиска иднина ќе почне да ги маркира лажните вести, кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Вестите за кои има сомнеж или индиции дека се лажни, а имаат за цел ширење дезинформации, ќе бидат обележани со посебно знаменце, стои во објавата на компанијата.
Имено, ако под насловот забележите ознака „оспорена вест“, ќе можете преку еден клик да дознаете и зошто веста е оспорена. Фејсбук нема да врши проверка на вестите, туку за тоа ќе биде задолжена меѓународната новинска организација „Поинтер“.
- Ќе ги користиме известувањата на нашата заедница и заедно со другите показатели, ќе ги препраќаме до оваа организација. Ако се утврди дека информацијата е лажна, таа ќе биде означена како „оспорена“ и ќе биде придружена со линк до објаснувањето, се наведува во соопштението.
Тоа значи дека корисниците и натаму ќе ја имаат слободата и правото на Фејсбук да објавуваат непроверени информации, но тие сега ќе бидат обележани.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип