Бизнис
6. February 2017 - 13:00

Евзони се уште затворен за сообраќај, кон Грција преку Дојран и Меџитлија

Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На Дојран и Меџитлија задржувањата од македонска страна се половина час за влез и за излез од Македонија. 

Грчките земјоделци со земјоделска механизација веќе седум дена го блокираат граничниот премин Евзони поради најавените даночни реформи.