Свет
19. October 2017 - 9:15

Европскиот совет ќе разговара за миграцијата, односите со Турција, Иран и Северна Кореја

Европскиот совет вечерва  ќе разговара за прашања поврзани со миграцијата, како и односите со Турција, Иран и Северна Кореја.
 
Предвидено е ш
ефовите на државите и претставниците на владите на земјите членки на ЕУ да изразат „големо разочарување од состојбата околу владеењето на правото" во Турција. Тие нема да прифатат заклучоци и нема да ги коментираат барањата за замрзнување на преговорите меѓу Анкара и ЕУ. Европскиот совет ќе изрази задоволство од спроведувањето на договорот со Турција за мигрантите.
 

За прашањето со миграцијата се очекува да биде одлучено дека е потребна постојана поддршка на земјите на надворешните граници на ЕУ, како и активно враќање на нелегалните мигранти. Државните и владините претставници ќе разговараат за предлогот на Европската комисија за воведување на доброволни квоти за распоредување на мигранти, главно од Африка. Паралелно со ова, ќе биде разгледано и воведувањето на трговски и визни олеснувања за државите, од каде  што потекнуваат мигрантите, кои илегално пристигнале во ЕУ, како и постојаното пополнување на фондот за Африка. 

Се предвидува дека Европскиот совет ќе ја изрази својата определба што поскоро да го обнови нормалниот режим во Шенген зоната, истовремено земајќи ги предвид безбедносните закани кон одделни земји во Унијата без гранични контроли. Се очекува Европскиот совет да изрази подготвеност до крајот на годината да го поддржи воведувањето на европската одбранбена соработка за земјите кои сакаат да се приклучат.

Во врска со Иран и Северна Кореја тешко дека ќе биде постигната согласност за прелиминарните текстови на заклучоците. Предвидено е на седницата повторно да биде изразена поддршка за примената на нуклеарното договор со Техеран и формално да бидат потврдени новите санкции против Северна Кореја, вклучувајќи ја забраната за продажба на нафта на Пјонгјанг.

Агендата не предвидува дискусија по прашањето за Каталонија, но темата би можела да биде поставена. Европскиот совет утре ќе расправа за текот на преговорите за Брегзит. Поради мислењето на ЕК дека досега нема доволен напредок, не се очекува државните и владините лидери да ја овластат комисијата да продолжи со преговорите околу прашањето за идните односи со Лондон.