Европски суд: Членките на ЕУ не се обврзани да им даваат визи на бегалците
Највисокиот суд во ЕУ, Европскиот суд на правдата денеска оцени дека земјите членки на Унијата не се обврзани да им одобруваат хуманитарни визи на лица кои сакаат да влезат на нивна територија со цел да поднесат барања за азил.
Трибуналот решаваше по жалба на одлуката на еден белгиски суд од октомври минатата година, со која се бара Владата на Белгија да им даде хуманитрана виза на членовите на едно семејство по потекло од Сирија.
Европскиот суд на правдата во својата пресуда оцени дека „овозможувањето на лицата да изберат каде ќе добијат меѓународна заштита би го поткопало системот на ЕУ, кој одредува која држава би требала да се занимава со барањата за азил“.
Судот, чие седиште е во Луксмебург, смета дека секоја земја членка на ЕУ е слободна да решава за давањето визи врз основа на националното законодавство.
Белгиската Влада поднесе жалба на претходната судска одлука тврдејќи дека стравува оти давањето визи на сириското семејство би можел да поттикне прилив на бегалци во земјата, кои потоа би барале азил.
Ново на Сител
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“
-
Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
-
САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари
-
Сарај ќе се приклучува кон градската водоводна мрежа, намалување на притисокот во водоснабдувањето на дел на Ѓорче Петров
-
Сончево и топло со променлива облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд