Европски суд: Членките на ЕУ не се обврзани да им даваат визи на бегалците
Највисокиот суд во ЕУ, Европскиот суд на правдата денеска оцени дека земјите членки на Унијата не се обврзани да им одобруваат хуманитарни визи на лица кои сакаат да влезат на нивна територија со цел да поднесат барања за азил.
Трибуналот решаваше по жалба на одлуката на еден белгиски суд од октомври минатата година, со која се бара Владата на Белгија да им даде хуманитрана виза на членовите на едно семејство по потекло од Сирија.
Европскиот суд на правдата во својата пресуда оцени дека „овозможувањето на лицата да изберат каде ќе добијат меѓународна заштита би го поткопало системот на ЕУ, кој одредува која држава би требала да се занимава со барањата за азил“.
Судот, чие седиште е во Луксмебург, смета дека секоја земја членка на ЕУ е слободна да решава за давањето визи врз основа на националното законодавство.
Белгиската Влада поднесе жалба на претходната судска одлука тврдејќи дека стравува оти давањето визи на сириското семејство би можел да поттикне прилив на бегалци во земјата, кои потоа би барале азил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024