Спорт плус
12. јуни 2016 - 17:46

Евролига: Македонија води по првиот сет против Бугарија

Македонската одбојкарска репрезентација го игра третиот меч  од Евролигата. На турнирот во Варна по победите против Албанија и Данска избраниците на селекторот  Жарко Ристовски ја бркаат третата победа и првото место против домаќинот Бугарија. 

Првиот сет донесе голема борба а на крајот по разигрувањето за разлика Македонија триумфираше со 31-29 и води со 1-0 во сетови. 
Следниот турнир е наредниот викенд во Скопје.