Фудбал
29. September 2017 - 14:12

Еврокупови: Германскиот фудбал на колена

Германскиот клупски фудбал доживеа незапаметен дебакл откако сите шест клубови кои се натпреваруваат во европските купови забележаа порази оваа недела.
 
Дебаклот го најавија најпопуларните клубови Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
 
Борусија се очекуваше дека ќе му пружи достоен отпор на европскиот првак Реал, но „Кралскиот клуб“ лесно славеше во Дортмунд со 3:1. Истата вечер пораз запиша и дебитантот во Лигата на шампионите, Лајпциг, кој гостуваше во Истанбул, кај Бешикташ. Турскиот шампион со головите во првото полувреме победи со 2:0.
 
Во средата Баварците гостуваа во Париз и загубија со 3:0 од ПСЖ. Поради овој пораз, вчера Баерн му врачи отказ на тренерот Карло Анчелоти.
 
Три тима играа синоќа во Лига Европа и сите загубија.
 
Хофенхајм водеше кај Лудогорец, но на крајот загуби 2:1. Келн ја пречека Црвена звезда и не успеа победи. Белградскиот тим славеше со 1:0, додека Херта минимално загуби од Естерсунд.