Евробаскет 2017: Србија се избори за финале
Кошаркарската репрезентација на Србија е вториот финалист на Евробаскет 2017 откако синоќа во второто полуфинале ја совлада Русија со 87:79 (25:20; 23:14; 18:23 и 21:22). Србија во неделното финале ќе игра против Словенија која во четвртокот ја победи Шпанија со 92:72. Ова за селекцијата на Србија е прво финале по 2009 година кога го освоија второто место.
Селекцијата на Србија победата ја обезбеди во вториот период кога со добра одбрана противникот постигна само 14 поени и во тој период Србија за првпат имаше и двоцифрено водство. Во вториот дел победникот имаше највисока предност од 16 поени во неколку наварти, а Русија во последниот период успеа да ја намали разликата и на два поена, но немаше сили за пресврт.
Во клучните моменти од завршницата решавачките поени за Србија ги постигна Бојан Богдановиќ, кој дуелот го заврши со 24 поени, додека Бобан Марјановиќ имаше 18 поени. Најпрецизен на дуелот беше Алексеј Швед од Русија со 33 поени.
Денеска на шампионатот е слободен ден, а во недела од 16 часот се игра дуелот за третото место Шпанија - Русија, и од 20:30 часот е финалето Словенија - Србија.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар