Свет
25. March 2017 - 17:01

ЕУ одбележа 60 години со нова римска деклариација за единство

27-те европски лидери ја потпишаа Римската декларација, која во суштина ја претставува  иднината на Европската Унијата. Свечената церемонија на потпишувањето на документот се одржа на Капитол Хил во италијанската престолнина. Во Римската декларација шефовите на 27-те држави членки даваат оценка за постигнувањата на Заедницата, што се случија во изминатите 60 години Тие се обврзаа дека ќе работат за безбедна, заштитена, просперитетна и сигурна, социјална и посилна Европа.

Во  Рим денеска се одржа самит на Европската унија. Целта на собирот е обновената интеграција која во својот фокус ќе го има единството, а не создавањето на Европа на повеќе брзини.Самитот во главниот град на Италија  се одржува по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор на кој се темели денешната ЕУ. На самитот  не присуствува премиерот на Велика Британија Тереза ​​Меј. Европските лидери  направија пресек на досегашниот, заеднички пат,  го потврдија  единството, заедничките интереси и вредности и укажаа на новите предизвици и приоритети на земјите-членки.

Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани ги повика лидерите  да работат на процесот за излез од кризата.

Во последните неколку години е загрозена безбедноста на земјите членки на Унијата од организирани терористички напади . По крвавиот напад во Лондон , синоќа во францускиот град Лил се случи нов терористички напад .Најмалку три лица се повредени  откако непознат напаѓач отворил оган недалеку од метро станицата „Порт Д’Арас.  Повредените  не се во животна опасност.. Напаѓачот, откако отворил оган кон  минувачите, побегнал од местото на нападот, а во тек е акцијата на полицијата  за негово пронаоѓање. Мотивите за нападот засега не се познати, а француските власти не исклучуваат дека станува збор за  терористички акт.