ЕУ може да заштеди милијарди долари од обновливите енергетски извори
Евроспката унија може значително да ја зголеми употребата на обновливи извори на енергија, заштедувајќи милијарди долари, се наведува во истражувањето на Меѓународната агенција за обновлива енергија.
ЕУ може рентабилно да го зголеми за 34 проценти делот на зелените енергетски извори во енергетиката до 2030 година, наместо 27 проценти предвидени во моментов во плановите, покажува истражувањето на Агенцијата.
- Ако ЕУ ги искористи сите опции на обновлива енергија, таа би постигнала намалување на расходите од 25 милијарди долари годишно до 2030 година, во споредба со трошоците при користење на конвенционалните извори, покажува истражувањето.
Покрај тоа, зголемувањето на уделот на обновливите извори ќе доведе до намалување на трошоците за здравствена заштита поради подобар квалитет на воздухот.
Земјите-членки на ЕУ во декември минатата година ја потврдија својата цел за 27 отсто дел од зелената енергија, додека Европскиот парламент би сакал Унијата да се придржува до 35 отсто.
Еврокомесар за енергетика и климатски промени Мигел Аријас Канте, вчера изјави дека ЕК работи на „избалансиран компромис".
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево