ЕУ ја повика Русија итно да ги ослободи демонстрантите
Европската унија ја повика денеска Москва без одлагање да ги ослободи мирните демонстранти, кои се уапсени и задржани во притвор за време на протестите против корупцијата, орранизирани ширум Русија.
Меѓу стотиците уапсени лица за време на вчерашните демонстрации во Москва, кои беа едни од најмасовните недозволени собири одржани изминативе години, е и рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој најави дека планира да се кандидира на претседателските избори следната година. Се очекува Навални денеска да се појави пред судот.
Портпаролот на ЕУ оцени дека со полициска акција е спречено остварувањето на основните слободи на изразување, здружување и мирен собир, што се основни права загарантирани во рускиот Устав.
- Ги повикуваме руските власти целосно да се придржуваат до своите меѓународни обврски, вклучувајќи ги и тие на Советот на Европа, да ги поддржуваат тие права и да ги ослободат без одлагање мирните демонстранти, кои се притворени, додаде тој.
Руската полиција соопшти дека вчера околу 500 лица се уапсени во Москва, додека сајтот „ОВД-Инфо“, кој го следи притворањето на активистите, наведе на својот налог на Твитер дека за време на демонстрациите во рускиот главен град се уапсени најмалку 700 лица.
Опозицијата ги повика луѓето да излезат на улиците во знак на протест поради корупцијата и да побараат оставка на премиерот Дмитриј Медведев. Протестот го покрена опозицискиот лидер Алексеј Навални, по неговите неодамнешни тврдења дека премиерот Медведев поседува повеќе куќи, јахти и лозја.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд