Балкан
29. May 2017 - 14:46

ЕУ и Турција продолжуваат со соработката, изјави портпаролката на ЕК, Маргаритис Шинас

ЕУ и Турција ја продолжуваат соработката и покрај тензиите во односите, денеска изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, коментирајќи ги преговорите на лидерите на ЕУ со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, што се одржаа на 25 мај во Брисел, пренесе ТАСС.

Претседателите (на Европскиот совет и на Европската комисија) Доналд Туск и Жан-Клод Јункер имаа 40-минутна средба со претседателот Ердоган, а потоа претседателот Јункер со него имаше и 30-минутна билатерална средба.

-Резултат од преговрите е - ЕУ и Турција треба и ќе продолжат да соработуваат, рече Шинас.

Според него, учесниците во преговорите ги разгледале главните теми, кои влегуваат во дневниот ред на Брисел и Анкара.

-Средбите минаа во позитивна и конструктивна атмосфера, посочи портпаролот на ЕК.

Ердоган во Брисел престојуваше за самитот на НАТО, на 25 мај. Истиот ден се оддржаа и неговите разговори со Туск и Јункер. По разговорите европските претставници не дадоа изјави за медиумите.