Македонија
5. November 2015 - 10:25

Есенска акција за кастрење дрвја во Куманово

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со акција на есенско кастрење на дрвјата надвор од централното градско подрачје. Акцијата се одвива во соработка со кумановската подружница на ЕВН, изјави денеска директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски.

- Акцијата има за цел превенирање од настанување проблеми во зимскиот период. Се кастрат крошните на дрвјата кои се стари и со исушени гранки и дрвјата кои ја попречуваат светлината од уличните светилки, кои предизвикуваат проблеми при непречено снабдување со електричната енергија, изјави Петрушевски.

Дневно се изнесуваат 15-тина трактори со суви гранки и дрвја во зависност од трасата каде што работат екипите. СВР Куманово помага  во  делот на сообраќајот, кој на одредени улици и булевари  се стопира за одреден временски период за непречено овивање на акцијата. Неделава, најави Петрушевски акцијата ќе продолжи во централното градско подрачје и на кејот на реката Кумановка.