Македонија
1. October 2016 - 16:52

ЕПП со целосна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори

Европската народна партија со целосна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори. Маргарета Седерфелт, член на шведската партија која е дел од ЕПП, при посетата на Македонија истакна дека според последните истражувања владејачкото мнозинство сеуште ужива огромна доверба кај македонските граѓани.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партијата и нејзината коалиција ќе победи на изборите со значајна разлика.

Седерфелт која воедно е и заменик координатор на групата пратеници на ЕПП во Парламентарнотот Собрание на ОБСЕ ја истакна и улогата на земјата во справувањето со бегалската и мигрантската криза подвлекувајќи дека Македонија е клучната земја која придонесе да се затвори балканската рута.