-->
-->
ЕП 2016: Италија одигра за Хрватска!
-->
Фудбалерите на Италија со пресврт против Норвешка го освоија првото место во Групата Х за квалификациите за Европското првенство, со што ѝ помогнаа на Хрватска директно да се пласира, откако оваа минимално ја совлада Малта.
Иако Италија во текот на целиот меч го диктираше темпото, Норвешка со својот единствен удар во рамките на голот поведе во 23 минута. Кјелини не испее да расчисти уфрлување во шеснаесетникот, која се одби до врвот на казнениот простор и на неа натрча Алесанер Тетеи и го погоди самиот лев долен агол од голот на Џиџи Буфон.
Притисокот на Италија донесе пресврт во самиот финиш на мечот. Прво во 73 минута Алесандро Флоренци искористи голем кикс на гостински одбранбен играч кој просто во петерецот му ја смири топката на Италијанецот, а Грациано Пеле во 82 минута го постави конечниот резултат.
Хрватска поведе уште во 25 минута од мечот на Малта преку Иван Перишиќ, и до крајот на домашните не им дозволија да создадат шанса за погодок, но се пласираа на ЕП всушност кога Италијанците го постигнаа вториот гол против Норвешка, зашто можеа да бидат поминати само доколку Норвежаните ги освоеја сите три бода.
Во мечот во кој немаше важност Бугарија во Софија со 2-0 го совлада Азербејџан и заврши на четвртата позиција со 11 бодови. Стрелци беа Александров во 20 и Рангелов во 56 минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен се уште нема претседател
-
Силјановска на Коференција за европските интеграции
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лога оди во опозиција
-
Коцевски: Има нелогичности во тендерот за Бехтел и Енка
-
Честите смени на директори на штета на здравствените услуги
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗС: Раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, стагнира македонската економија
-
Тема на денот со Славјанка Петровска