Живот
11. March 2016 - 15:56

Емотивно простување на Бата Живојиновиќ со неговиот пријател и другар Драган Николиќ

Велимир Бата Живојиновиќ се огласи на социјалните мрежи по смртта на неговиот пријател и колега Драган Николиќ.
 
Познато е дека Инстаграм профилот на Бата го води неговата внука, која пишува и објавува по желба на нејзиниот дедо.
 
Овој пат актерот посака на емотивен начин да се прости од својот пријател па на социјалната мрежа објави фотографија од серијата „Чардак“ и напиша:
 
„Белгран никогаш нема да биде ист без тебе. Почивај во мир мој брате, мој мал принц.“.
 
Серијата беше снимена во далечната 1978-ма година, а актерот на овој начин се поздрави со Драган.