Џет-Сет
23. јуни 2017 - 9:59

Ема Вотсон сокри неколку книги во Париз и започна игра со објава на Твитер

Американската глумица Eма Вотсон на Твитер објави дека сокрила примероци од романот „Приказната на слугинката” (The Handmaid’s Tale) од Маргарет Атвуд на неколку различни места во Париз.

Тоа е всушност акција на иницијативата „Книжни самовили" (The Book Fairies‏), коишто оставаат книги низ цел свет и ги предизвикува своите фанови да ги побараат. На нивниот Твитер налог‏ се посочуваат и местата каде што книгите се сокриени, а некои веќе се и пронајдени.

„Приказната на слугинката” е научнофантастичен роман од 1985 година, каде се раскажува за алтернативна реалност, каде што во Америка е прогласено тоталитарно теократско општество, односно „републиката Галаад“ раководена од воена хунта.

Според замислата на авторот, државата војува против соседите и безмилосно ги казнува внатрешните непријатели, а на жените им се наложени најстроги традиционални христијански вредности. Ситуацијата се влошува поради неконтролирана радијација и „пандемична“ неплодност. Оние малку жени кои можат да родат здрави деца, се прогасени за „национално богатство“ и се принудно ангажирани како сурогат мајки во домот на привилегирани бездетни семејства.

Во 2017. беше снимена и истоимената серија со Елизабет Мос во главата улога.

Учеството на Ема Вотсон во новата игра „пронајди ја книгата“, е сосем очекувано. Таа е страствен читател и има свој интернет книжевен клуб наречен „Our Shared Shelf“ (Нашата споделенa полица), каде што „Приказната на слугинката” е прогласена за книга на месецот. Исто така, Вотсон е и борец за правата на жените.