Македонија
11. November 2015 - 16:19

Експертите за извештајот: Нотирани успешните реформи во повеќе сектори, добра вест е задржувањето на препораката

Седмата последователна препорака од Европската комисија за почеток на преговорите без оглед на тоа што е условена е добар сигнал за континуитетот во реформите и исполнувањето на обврските за членство во Европската Унија, смета професорката Тања Каракамишева.

Каракамишева вели дека извештајот е добар посебно во деловите на економијата, трговијата, трансапортот, јавнотот здравје, енергетиката, а дел од ургентните реформски приоритети од извештајот на Прибе веќе се реализираат.

Според професорката критиките и препораките генерално се повторуваат секоја година и се содржани во извештаите за на сите земји кандидати.

Вчера по добивањето на извештајот Премиерот Груевски рече дека на  крајот народот е тој што пишува извештаи.

На иста линија е и Каракамишева.

Каракамишева очекува по изборите на пролет, Европската Унија да си го одржи зборот и препораката од Комисијата да ја преточи во конкретни чекори со почеток на преговорите за членство со Република Македонија.