Македонија
7. April 2016 - 16:13

Експерти: Одлуката на СДСМ е погрешна и катастрофално ќе се одрази и за нив и за цела држава

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори со најобемната програма до сега а СДСМ ќе го чува пламенот на слободата. Чудна но очекувана одлука на опозицијата по серијата катастрофални рејтинг извештаи кои пристигнале на Бихаќка. Експертите децидни, условите за избори се исполнети, СДСМ нема аргументи за бојкот.

По вчерашната прес конференција на Заев, Божиновски вели дека не е убеден дека опозицискиот лидер навистина ќе остане на одлуката за бојкот

И додека опозицијата калкулира со своето учество на изборите во ВМРО-ДПМНЕ забрзано се работи на подготовка за изборите. Партијата веќе го објави својот отчет а се најавуваат и серија проекти пред се за најмладите.
За експертите нема дилема. Македонија не може да биде заложник на стравот на СДСМ да се појави на изборите

Божиновски кој го предводи Институтот за политички истражувања која во последните неколку изборни циклуси хируршки точно ги предвиде изборните резултати, смета дека по вчерашната одлука на Заев, речи си извесно е дека опозицијата доколку се премисли и реши да излезе пред граѓаните ќе доживее реприза на изборите од 2014 година кога загуби со близу 200.000 гласа разлика.