Свет
21. July 2017 - 14:34

„Ексон-Мобил“ казнет за прекршување на санкциите кон Русија

Американските власти ја казнија најголемата нафена кмпанија во САД, „Ексон-Мобил“ со два милион долари, поради прекршување на санкциите кон Русија.

Казната се однесува за времето кога претседател на компанијата беше актуелниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон.

Во образложението на казната, американското Министерство за финансии наведува дека „Ексон-Мобил“ соработувал со Игор Сешин, претседател на руската нафтена компанија „Росњефт“, иако тој се наоѓа на „црната листа“ на САД на лица опфатени со санкциите.

Во првата реакција на „Ексон-Мобил“ се вели дека компанијата ќе се жали на како што оценува „крајното нефер казната“.

САД воведоа санкции кон Русија во март 2014 година, поради анексијата на полуостровот Крим и поради обвинувањата дека Москва ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.

Во април 2014 година на „црната листа“ беше додадено и името на Сешин.

„Ексон-Мобил“ има потпишано осум правни договори со Сешин во мај 2014 година. Компанијата сега се брани дека тие мислеле оти ставањето на „црната листа“ се однесувало на Сешин, како личност, а не како претседател на нафтената компанија „Росњефт“.

Според признанието на американската компанија, санкциите на САД кон Русија досега им причиниле штета од една милијарда долари.