Живот
26. April 2017 - 13:01

Ексцентричен бизнисмен се прости од колекцијата колички од своето детство

Датук Сери Махади Бадрул Заман, 34-годишен бизнисмен од Малезија смисли прилично необичаен начин да ја истакне својата екстравагантност. Имено, за да привлече внимание со својот подзастарен „Јагуар С-Тајп“, го покрил целиот со детски колички, пишува порталот vesti.ru.

Колички

Датук почнал да собира колички „Хот Вилс“, кога имал 13 години. За повече од 20 години тој веќе имал 5.000 колички.

И, кога му паднало на ум неговиот автомобил да се издвојува во сообраќајот, го прекрил со 4.600 од своите шарени колички.

Колички

Ексцентричниот бизнисмен уште повеќе го сака своето возило вакво, и вели дека сега тоа веќе целосно одговара на неговиот нескротлив карактер.