Економските експерти предупредуваат на ризик од рецесија во Европа до крајот годинава
Економските експерти се загрижени за ризикот од рецесија во европските земји до крајот на 2024 година, покажуваат резултатите од кварталното истражување на економските експерти (ЕЕС) објавено денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.
Во Европа очекувањата се доста хетерогени, при што експертите од Германија, Велика Британија и Холандија предвидуваат дека веројатноста за рецесија во нивните земји е 38 отсто.
Во денешниот извештај се посочува дека, подетален поглед на Европа покажува дека согледаната веројатност за рецесија се движи од 8 проценти (за Северна Македонија) до 60 отсто (за Босна и Херцеговина).
За Србија веројатноста е од 25 до 30 отсто. Веројатноста за рецесија во Италија до крајот на годината е 27 отсто, во Франција 23 отсто, во Шпанија 22 отсто.
Гледајќи по региони, експертите од Источна Европа, Јужна Америка, Северна Америка, Северна и Западна Европа покажуваат најголема загриженост поради можна рецесијата.
Според експертите, главни фактори кои можат да влијаат на можна рецесија се геополитичките настани и поскапувањето на енергенсите.
Експертите очекуваат глобален економски раст од 2,4 отсто во 2024 година и негово забрзување до 2,9 отсто во 2025 година и до 3,3 отсто во 2027 година.
Прогнозите се прилично мрачни за повеќето земји од Западна Европа, бидејќи според експертите, скромен раст од 0,6 отсто се очекува во Германија во 2024 година, Велика Британија 0,5 отсто, Австрија 0,9 отсто.
Ново на Сител
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16